206
Напаѓачот сака да
замине од Париз и преферира да се врати на Камп Ноу. Но преговорите не се лесни
па Реал замешува прсти и би можел да го украде Бразилецот.
Според „Ле
Парисиен“, и агентот на Нејмар е поборник за преселба во Мадрид. Се работи за Израелецот
Пини Захави, кој е севесен дека трансфер на Сантијаго Бернабеу ќе му донесе
многу поголема провизија.
Тој посредуваше и
при рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ пред две години, и тогаш се говореше дека си
обезбедил убава провизија од 35 милиони евра. Сигурно и сега ќе добие богата
награда доколку се погрижи Бразилецот наместо во Барселона да заврши во лутиот
ривал Реал.