Агентот на Милинковиќ Савиќ ги разочара Јувентус и Милан

by
1 минути читање

Сергеј Милинковиќ
Савиќ денеска ја продолжи верноста кон Лацио, и според пишувањата на
Спортмедиасет, фудбалерот од средниот ред добил откупна клаузула од 100 милиони
евра и тоа за клубовите од Италија.

Ова е прилично
добра вест за екипи како Јувентус и Милан, кои изминатово лето пројавија
интерес но наидоа на непремослива пречка со оглед на тоа дека Клаудио Лотито
бараше преку 120 милиони евра за својата ѕвезда.

Сепак
„Бјанконерите“ и „Росонерите“ ќе останат разочарани откако Матеја Кежман
истакна дека нема никаква откупна клаузула во новиот договор на популарниот
СМС.

„Сергеј, Лацио и
сите ние кои работиме за играчот, сме среќни со новиот договор. Продолжуваме
напред со позитивна енгерија! Клубот е силен бидјеќи ги задржа речиси сите
играчи до минатата сезона, има сериозен прокет и целта е да се избори настап во
Лигата на шампионите. Сега сите играчи треба да го даваат максимумот на секој
натпревар“
– вели Кежман, кој е агент на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Не сме
разговарале за откупна клаузула, Сергеј е среќен во Рим, тука е веќе три
години, го обожава клубот и градот и максимално е фокусиран на тоа да влезе во
топ форма“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×