Првиот агент на Лионел Меси открива детали за тоа како дошло до трансфер на поранешниот негов фудбалер во Барселона, се можело да биде поинаку, вели тој.
„Животниот пат ме
одведе во Барселона, таму да живеам, и го однесов Меси во Барса. Но, јас сакав
да живеам во Мадрид, доколку тоа се случеше, ќе го однесов во Мадрид, тоа е
животот, тие се деталите. Денес, Меси ќе можеше да биде фудбалер на Реал
Мадрид, неговото семејство сакаше да дојде во Шпанија, во градот каде требаше
јас да имам некоја поддршка“ открива Хорасио Гаџиоли, првиот агент на Лионел
Меси.
Меси и Гаџиоли
имаа соработка цели пет години, откако нивните патеки се разделија во различни
насоки. Тие немаат веќе ништо заедничко, Гаџиоли вели дека Барселона никогаш не
призна дека тој им го донел еден од најдобрите фудбалери во клупската историја.
„Според моите
партнери во Аргентина, и лично според мене, мислам дека ние бевме тие кои го
донесовме еден од најдобрите во светот, во тимот на Барселона, признанието од
нивна страна не беше многу добро…“ додава Гаџиоли.
Лионел Меси денес
полни 30 години, во тимот на Барселона е цели 16 години, дојде од редовите на
Њуелс Олд Бојс во 2001. година. За каталонскиот гигант во првиот тим почна да настапува во
2004. година, одигра 382 натпревари, притоа постигна 349 погодоци досега.
МЕСИ МУ КАЖАЛ „НЕ“
НА РЕАЛ МАДРИД
Изјавата на
Гаџиоли доаѓа по сториите кои ги пренесуваат дел од шпанските медиуми, во однос
на можноста која се појавила лани Лионел Меси да се пресели во редовите на најлутиот ривал на
Барселона.
Наводно
аргентинецот имал намера да го напушти тимот на Барселона, додека пак хронолошки гледано, Реал Мадрид бил
најупорен во намерата да се засили со Меси во 2011. и 2013. година.
Во интервју за шпанските медиуми, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез
открива дека имал средба со Меси, но не потенцира за датумот.
„Имавме средба со
Меси, но не ја дадовме на маса таа можност. Тој е одличен фудбалер, секој би
посакал да го има во своите редови, би сакал да биде дел од Реал Мадрид, зошто
да не, како и сите екипи кои сакаат да ги имаат најдобрите во своите редови“
открива Перез.
Реал Мадрид
најголемиот интерес за Меси го прикажал на крајот од сезоната 2010/11, кога
наводно на адреса на Кристиано Роналдо пристигнала астромска понуда од
англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, па тимот од Мадрид стравувал дека ќе
остане без својата најголема ѕвезда, по што фокусот го вперил кон Меси.
Но,
неофицијалните информации кои говорат првата ѕвезда на Барселона, преку својот
татко одговорил негативно во однос на интересот од Мадрид.