Агентот на Лукаку не сака многу да открива за напаѓачот, но…

by
1 минути читање

Извесен период се
шпекулира дека Ромелу Лукаку би можел да го напушти Олд Трафорд по крајот на
актуелната сезона, а таа опција не ја отфрла ниту неговиот агент, Федерико
Пасторело, кој за Скај Спортс проговори за иднината на белгискиот напаѓач.

25 годишниот
Лукаку на Олд Трафорд пристигна во 2017. година, потпиша петгодишен договор со
Црвените ѓаволи кои на Евертон му платија 75 милиони фунти за тој трансфер,
досега постигна 45 голови за Премиерлигашот.

Во овие моменти
тој е максимално фокусиран на остварување на зацртаните цели на клубот за
сезонава, битката за топ четири во Англија е исклучително тешка, да видиме што
ќе се случи со неговата иднина по крајот на сезоната
“ посочи Пасторело.

Ова е негова
втора сезона во клубот, има уште три години од неговиот договор, да видиме што
ќе се случи, тој е особа која сака да дознае различна култура, поинаков фудбал,
тој се гледа себе си како игра во различни земји, сака да освои некои трофеи,
еден ден да му каже на своето дете
Освоив таму, освоив и таму, не би сакал да дискутирам за неговата иднина повеќе од ова бидејќи ова се
големи моменти за клубот
“ заклучи Пасторело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×