Агентот на Кутињо на тет-а-тет средба со спортскиот директор на ПСЖ (ФОТО)

by
1 минути читање

Се чини дека интересот на ПСЖ за Филипе Кутињо се уште
постои, па така пред два дена дошло до директна средба помеѓу спортскиот
директор на францускиот вицепрвак, Антеро Енрике со Киа Јорбачиан, агентот на
фудбалерот на Ливерпул.

Според тоа што се пишува во поголемиот дел од медиумите,
ПСЖ побарал од иранскиот агент да ги игнорира обидите на Барселона да дојде
до потписот на Кутињо.

Средбата се одвивала во Лондон, каде во понеделникот
се одржа доделувањето на наградите за најдобрите на годината од страна на
Светската фудбалска федерација – ФИФА.

Кутињо беше голема желба на Барселона, особено по
заминувањето на Нејмар во ПСЖ, Каталонците за Бразилецот имаа дури и понуда вредна
130 милиони евра, но недоволна да го убедат англискиот Премиерлигаш, особено
германскиот фудбалски стратег Јирген Клоп, да попушти во преговорите.

Каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“ и натаму ја остава
отворена опцијата Кутињо да ги засили редовите на Барселона, овој пат во
следниот преоден рок, во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×