Агентот на Куртоа открива зошто голманот си замина од Челси

by
1 минути читање

По крајот на Светското првенство, Куртоа не се врати во Челси, форсираше трансфер во Реал Мадрид и тоа му успеа. Тој ги разочара фановите на англискиот тим, но неговиот агент вели дека фамилијата е причина за заминувањето.

Тој инсистираше да замине од Челси поради децата. Доколку неговата фамилија беше во Лондон, ќе беше сосема поинаку. Тој ќе останеше, нема причина да заминува од клуб како Челси, ќе освојуваше трофеи“, вели агентот Хенротај.

„За жал неговите деца живеат со мајката во Мадрид. Тој влегуваше во последната година од договорот со Челси па тие имаа интерес да најдат заеднички јазик со Реал и да го продадат“.

„Куртоа имаше шанса да се врати со Мадрид, сакаше да го направи тоа поради својата фамилија и успеа“.

Куртоа има деца, но е разведен, па затоа не можеше да ги земе децата во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×