Како бомба одекна
веста во Љубљана дека дошто до наводно помирување помеѓу спортскиот директор на
Марибор, Златко Заховиќ и
нашиот фудбалер Агим Ибраими, кој во дресот на „виолетовите“ одигра 164
натпревари, притоа постигна 40 погодоци во периодот од 2011. до 2016 година.
Сепак, агентот на
Ибраими, Жељко Бубало во целост ги отфрли шпекулациите дека неговиот фудбалер
ќе се врати во Марибор.
„Прв пат слушам
такво нешто… Од Марибор не не побарале, ниту јас, ниту самиот Ибраими немал
никаква комуникација со тој тим последниов период, ниту пак сме оствариле
средба или пак сме разговарале со Заховиќ“ демантираше Жељко Бубало.
Ибраими и Заховиќ
имаа големи несогласувања во тимот од Љубљана, нашиот фудбалер доби и
суспензија од словенечката екипа, при што стана јасно дека е на излезна врата
од клубот.
Ибраими во
последниов период беше поврзуван и со враќање во Олимпија Љубљана, сепак раководството
на тој клуб ги демантираа овие шпекулации, па останува отворено прашањето каде
ќе се пресели Ибраими по официјалната разделба со казахстанска Астана која
информираше дека го раскинала договорот со Македонецот.
28 годишниот
офанзивен крилен фудбалер одигра само 11 натпревари, притоа постигна еден
погодок во дресот на Астана.