Агентот на Ериксен пристигнал во Милано за да ги испегла разликите помеѓу Интер и Тотнем

by
1 минути читање

Директорот на
„нероаѕурите“, Пјеро Аусилио синоќа со празни раце се врати од Лондон, Тотнем
инсистира да добие 20 милиони евра и покрај тоа што за шест месеци ќе го загуби
Кристијан Ериксен за без пари.

Но Интер не се
откажува од немерата овој месец да го донесе фудбалерот од средниот ред, последните
информации велат дека во Милано пристигнал агентот на Данецот кој со себе понел
и адвокат.

Двајцата ќе треба
да ги испеглаат разликите помеѓу Интер и Тотнем за трансферот да се реализира уште
во зимскиот преоден рок, и за преселбата на Кристијан Ериксен на Џузепе Меаца
да не се чека до крајот на сезоната.

Новинарот Николо
Скира пренесува дека двата клуба ќе направат компромис и ќе си подадат рака за
зделка вредна 18 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×