2,7K
Голем број на извори пренесуваат дека Галатасарај сака да го ангажира Пауло Дибала и на Аргентинецот му нуди плата од 9-10 милиони евра по сезона.
Галатасарај тргна по потписот на Пауло Дибала, агентот на Аргентинецот, Карлос Новел вчера беше во Истанбул и од свечената ложа го следеше натпреварот против Трабзонспор.
Како што пренесуваат медиумите, „жолто-црвените“ му нудат на Аргентинецот плата од 9-10 милиони евра по сезона и соработка до 2027 година.
Посредник во трансферот е Џорџ Гарди, еден од агентите на нашиот Елиф Елмас, и тој сега ќе треба да седне на маса со Рома и да ги испегла сите детали за нова трансфер бомба во Турција.