171
Анхел Ди Мариа
може да биде фудбалерот кој би направил спектакуларен трансфер во Атлетико
Мадрид во претстојниот летен преоден трансфер период.
Шпанските медиуми
пренесуваат дека агентот на аргентинскиот интернационалец од редовите на ПСЖ,
отпатувал во Мадрид за да има средба со претставници на Атлетико, поточно
спортскиот директор на тој клуб, да разговараат за евентуален трансфер на
Аргентинецот.
Ќе потсетиме дека
во периодот кога Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, се уште играше, за
Ди Мариа посочуваше дека е најдобриот фудбалер на Реал Мадрид во моментите кога
тој настапуваше за нивниот градски ривал.