319
Изминатиов викенд
турски „Фанатик“ пренесе дека ЦСКА Москва му понудила на нашиот Езгјан Алиоски
плата од 2,5 милиони евра по сезона за да потпише за тој клуб.
И натаму е
неизвесно каде ќе го гледаме 27 годишниот Алиоски во новата сезона, меѓутоа,
неговиот агент се одзва по однос на последните шпекулации со ЦСКА Москва.
„Информациите кои
произлегоа во јавноста низ медиумите не се точни“ изјави Дино Ламберти за „Спорт24“.
„ЦСКА Москва не
ме контактирала за трансфер на Алиоски“ додаде тој во изјавата.
Актуелниот
договор на Алиоски со Лидс истекува токму овој месец, а освен ЦСКА Москва, како
негова можна следна дестинација се споменуваше и Фенербахче.