Агентот на Алексис Санчез во Минхен на средба со Баерн

by
1 минути читање

Шампионот на Германија ќе прави реконструкција на тимот ова лето и го идентификуваше Алексис Санчез како едно од топ засилувањата за сезоната 2017/18.

Чилеанецот е под договор со Арсенал до 30. јуни 2018 и преговорите тапкаат во место.

Исто така „Топчиите“ следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, па големи се шансите Алексис Санчез да замине од Емирати.

Баерн Минхен не е единствениот клуб кој го сака играчот, но се чини дека „Баварците“ ја водат трката за потписот на Алексис Санчез.

Медиумите од Чиле попладнево пренесоа дека во Минхен пристигнал Фернандо Фелисевич, агентот на фудбалерот, и тој ќе одржи средби со лидерите на Баерн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани