714
Агентот на Ламин Јамал, Жорж Мендеш вели дека младиот фудбалер сигурно ќе остане во Барселона и ќе потпише нов договор, само прашање на време е кога ќе се случи тоа.
„Ламин Јамал сигурно ќе потпише нов договор со Барса“, вели Мендеш.
„Ламин мора да остане во Барселона. Не можам да кажам кога ќе потпише, но дефинитивно ќе се случи тоа“.
„Тој имаше фантастична 2024 година и според мене тој беше најдобриот фудбалер во светот за минатата сезона со Шпанија и Барса“.