Вчера, нешто по
17 часот, Бордо и Рома испратија официјални соопштенија со кои пренесоа дека е
постигнат договор за трансфер на Малком на Олимпико. Бразилецот требаше да
отпатува за Рим на лекарски прегледи.
И додека фановите
на „Волчицата“ на аеродром го чекаа своето најголемо засилување ова лето, во
доцните вечерни часови пристигна информација дека играчот не се качил во авион
откако Барселона во последен момент доставила понуда.
Рома и Бордо си
подадоа рака за зделка вредна 32 милиони евра, плус уште 4 додатни милиони во
бонуси. „Каталонците“ понудиле 41 милион евра, па агентите на играчот утрово
пристигнале во Барселона за да слушнат што има да понуди шампионот на Шпанија.
Оскар Грау и Пеп
Сегура стојат зад операцијата, и тие во моментов разговараат со преставниците
на Бразилецот.
Се верува дека Барса се решила на еден ваков чекор откако Челси одби три понуди за Вилијан, последната вредна нешто над 61 милион евра.