Агентите на Ешли
Јанг според информациите кои пристигнуваат од Италија се во Милано, каде веќе
ги договориле личните услови на фудбалерот на Манчестер јунајтед со Интер, а
наводно и тимот од „Олд Трафорд“ е близу договор со италијанскиот прволигаш.
Според пишувањата
на „ФКИнтерЊуз“, се вели дека агентите на Јанг утрово допатувале во Милано, а
се работи на финалните детали од договорот на 31 годишниот фудбалер со Интер.
Одредени медиуми
претходно известија дека се работи за две ипол годишен договори, а наводно
Интер ќе го исплати преостанатиот дел од платата на Јанг до крајот на
актуелната сезона, а дополнително ќе исплати и 3 милиони евра за идните две
ипол години.
На Островот
претходно веќе известија дека Јанг ја одбил новата понуда од Манчестер јунајтед
за продолжување на соработката, која инаку истекува на лето.