Фудбалерот од
средниот ред е под договор до јуни 2019 и преговорите за продолжување на
верноста неодамна беа прекинати и тоа од страна на Арсенал.
Ваквиот потег
предизвика бура на шпекулации, и очигледно деновите на Арон Рамзи на Емирати се
одбројани откако агенцијата која го застапува играчот откри дека тој заминува,
иако сите постови на социјалните мрежи беа избришани за кратко време.
Авид Спортс енд
Ентертејнмент Груп на Твитер соопшти дека Арон Рамзи потпишал договор но со приватна
авио компанија, да биде нивно заштитно лице.
Ова го навлече
гневот на дел од фановите кои упатија забелешки со оглед на тоа дека тие чекаат
вести за нов договор со Арсенал а не со некој спонзор, по што следуваа неколку
одговори: „Ние не можеме ништо да сториме, клубот донесе одлука. Живтот
продолжува“.
Друг твит пак
гласеше: „Во право си, тревата не е секогаш позелена, тој не сакаше да замине,
но нема друга опција“.

