Ајакс важеше за
фаворит на хартија во дуелот против АЕК од групата „Е“ каде вечерва играат и
Бенфика – Баерн Минхен, холандскиот претставник имаше целосна доминација против
АЕК а отпорот на гостите го скрши дури во второто полувреме откако во првото
мрежите мируваа.
Домаќините славеа
со 3-0, а водечкиот гол го постигна Таљафико по само една минута игра во
второто полувреме. На 2-0 зголеми Ван де Бек, а конечниот исход го постави
Таљафико со својот втор гол на средбата, овој пат во завршницата.
Шахтер се
спасуваше од пораз на домашен терен против Хофенхајм и на крајот дојде до реми
од 2-2. Гостите први поведоа и тоа уште во 6. минута со голот на Грилих, а во
27. минута стигна израмнувачкиот гол дело на Исмаили.
Сепак, Хофенхајм
отиде со предност на паузата откако во 38. минута Нордтвел повторно го врати
својот тим во водство, но истото остана само до 81. минута кога Мајкон донесе
бод за Шахтер од овој тежок меч. Вечерва во истата група „Ф“ се среќаваат и
Манчестер Сити – Олимпик Лион.