Адуриз ја продолжи верноста со Атлетик Билбао, ќе игра и на 38 години за клубот

by
1 минути читање

36 годишниот напаѓач потпиша
нов, двегодишен договор и тоа со откупна клаузула во истиот во висина од цели
40 милиони евра.

Во 2012. година по трет
пат го облече дресот на Атлетик Билбао каде вкупно има постигнато 156 голови во
Примера.

Звучи интересно, Адуриз
одигра три натпревари за Шпанија во изминатите квалификации за Мундијалот во
Русија идната година, а се уште е во конкуренција за финалниот список на
репрезентативци на селекторот Хулиен Лопетеги.

Освен за Атлетик Билбао,
Адуриз има настапувано и за Орера, Бургос, Валјадолид, Мајорка и Валенсија.

Баскиецот со четири
погодоци е прв стрелец на тимот оваа сезона откако по 11 одиграни кола во
Примера, Атлетик Билбао се наоѓа во долниот дел на табелата со 11 бода, и му
претстои битка за опстанок до крајот на шампионатот.

Адуриз има 13 настапи за
Шпанија а притоа и два гола, има 11 настапи за натпревари на Баскија на кои има
учинок од 12 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани