Виктор Осимен би можел да остане во Наполи откако преговорите со Ал Ахли се на стенд-бај, а Челси никако да му понуди плата приближна на она што напаѓачот ја бара.
Ал Ахли и Наполи начелно постигнаа договор за трансфер вреден 75-80 милиони евра, а Виктор Осимен со клубот од Саудиска Арабија си подаде рака за четиригодишна соработка и плата од 25-30 милиони евра по сезона (одредени извори пишуваа дека платата ќе му биде и 40 милиони евра по сезона).
Сепак, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се полакоми и побарал уште 5 милиони евра, на Арапите не им се допаднал ваквиот гест па трансферот сега е на стенд-бај и Ал Ахли го договори Ајван Тони од Брентфорд.
Челси е вториот клуб кој денеска прави обиди да го ангажира Виктор Осимен, но „сините“ не се толку дарежливи како Арапите.
Тие му нудат плата на Виктор Осимен од околу 8 милиони евра по сезона, напаѓачот нема намера да го прифати ова со оглед на тоа дека во моментов има плата од 10 милиони евра по сезона.
Како се ближи крајот на преодниот рок, се почесто се пишува за можноста Виктор Осимен да остане во Наполи.
Целата надеж не е изгубена со оглед на тоа дека клубовите од Саудиска Арабија ќе можат да пазарат и во првата недела од септември.