Нашиот 26 годишен интернационалец од хрватски Динамо
Загреб, а воедно и македонски репрезентативец, Аријан Адеми се врати на
фудбалските терени само два дена откако му истече двегодишната суспензија
поради падот на допинг тест.
Адеми доби прилика
од селекторот на Македонија, Ангеловски за настап против Лихтенштајн во
Струмица, најнапред доби овации од трибините, а само пет минути му беа доволни
да постигне гол, и тоа вистинско ремек дело, го прослави со солзи во очите,
неможејќи да им оддолее на емоциите.
Во интервју за хрватското издание на фудбалскиот портал „Гол“,
Адеми ги сумира впечатоците од тие моменти, за него премногу емотивни.
„Во Македонија изминатите денови ме пречекаа одлично, од селекторот, луѓето од Фудбалската Федерација, па до фудбалерите и
навивачите. Искрено, не очекував дека тоа ќе се случи на првиот натпревар, па
за само пет минути постигнав гол. Чудо… Не сум постигнал многу голови во
мојата кариера, посебно не такви…“ вели тој.
„Сакам да играм, премногу… Штом влегов на теренот се
растрчав на сите страни, како да ме пуштил некој од ланци. Можеби малку се
изгубив во почетокот, но набргу се опуштив и се беше онака како што треба.
Одиграв 30 минути, воопшто не се заморив. Но, дури сега ќе видиме како ќе течат
работите понатаму…“ додава Адеми.

Нашиот интернационалец се чини дека пука од самодоверба,
вели дека знае дека не е подготвен за 90 минути, но го радува фактот што не се
уморил во тие 30 минути против Лихтенштајн, а за Динамо Загреб, најави дека
противникот кој ќе го мине центарот ќе може да биде презадоволен.
Извор: goal.com/hr