163
Динамо Загреб
денеска запиша убедлива победа од 4-1 во контролката против Интер Запрешиќ, а
гол во победата на хрватскиот првак постигна и нашиот Аријан Адеми.
Македонскиот
интернационалец во 36. минута погоди со глава по нафрлената топка од корнер за
водство од 2-1 на Динамо Загреб, а ова беше роденденски гол за Адеми, кој денеска
наполни 29 години.