Адеми повторно воодушеви, неговиот поранешен тренер во Динамо ја открива причината за неговата мотивираност

by
2 минути читање

26 годишниот македонски репрезентативец и член на
хрватскиот вицепрвак Динамо Загреб, Аријан Адеми по добивањето на шанса на
дербито со Осијек и поништениот гол на тој меч викендов доби прилика и за
настап против Хајдук, на гостувањето на „Пољуд“ во големото дерби на Хрватска.

Мечот во Сплит заврши со реми, односно резултат 2-2, а
нашиот фудбалер на теренот влезе на стартот од второто полувреме при минимално
водство на домаќините, од тој момент текот во играта на гостите целосно се
промени, во позитивна смисла.

Одличните партии на фудбалерот кој се врати на
фудбалските терени по пауза од две години поради суспензијата по допинг
скандалот, го израдува и неговиот поранешен тренер од Динамо Загреб, Круно
Јурчиќ.

Адеми има неверојатна желба и енергија, против Осијек и
Хајдук сакаше да му врати на клубот за се она што направија за него во
последните две години
“ вели Јурчиќ.

Сепак, мислам дека би бил уште подобар ако малку се
смири, но ова го велам во позитивна смисла на зборот, да не се обидува се
да реши сам во
пет минути, тогаш неговите квалитети ќе дојдат до полн израз
“ додава тој.

 

Извор/Фото-вест: 24sata.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани