Адеми погоди за водство на Динамо Загреб против Ференцварош (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Динамо Загреб
тргна со водство на гостувањето кај Ференцварош во Унгарија во реванш
пресметката од третото квалификациско коло за место во групите од Лигата на
шампионите, а токму нашиот репрезентативец Аријан Адеми беше фудбалерот кој
донесе водство за „Модрите“.

Адеми мошне вешто
реагираше во казнениот простор на домаќините во 16. минута откако доби
употреблива топка и биеше во манир на расен стрелец во голот на противникот за
почетно водство за хрватскиот првак.

Во првата
пресметка помеѓу овие две екипи резултатот беше израмнет и гласеше 1-1, а со
моменталниот резултат Динамо Загреб продолжува во плејоф рундата од
квалификациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×