153
Динамо Загреб
славеше убедлива победа на гостувањето кај Истра во Пула со 0-4, а со тоа практично
успеа да ја одбрани титулата во Хрватска ако се земе во предвид дека има 23
бода предност во однос на Ријека.
Гол серијата за
екипата од Загреб ја отвори токму нашиот репрезентативец Аријан Адеми, кој во
20. минута погоди за почетно водство за фаворитот, а ова за него е втор гол
сезонава во неговите 12 настапи, откако претходниот го постигна против истата екипа.