Поранешниот шампион на Хрватска, Динамо Загреб ремизираше
пред својата публика против Осијек со 1-1, во дербито на 12. коло од тамошниот
најсилен фудбалски шампионат.
Враќање во тимот на Динамо Загреб имаше македонскиот
интернационалец, 26 годишниот Аријан Адеми кој по пауза од цели две години
повторно беше дел од плавите, а притоа во текот на мечот дури ја доби и
капитенската лента, како во минатото.
„Среќен сум поради враќањето, но жал ми е што ми
поништија погодок. Би бил исполнет да победевме и да погодев, имаше убава
атмосфера, им се заблагодарувам на сите, среќен сум што добив прилика за
настап. Голема чест и задоволство ми беше повторно да ја носам капитенската
лента на себе“ истакна Адеми.
Многу прашина крена голот на Адеми во Хрватска, од
причина што тој доби додавање од противнички фудбалер, не од свој соиграч.
На прашање на новинарите во кој спорт е подобар, дали во
фудбал, или пак падел тенис, тој беше сигурен во својот одговор.
„Мислам дека сум во падел подобар“ шеговите изјави Адеми
а познато е дека македонскиот фудбалер играше падел тенис во периодот на
суспензија од ФИФА поради падот на допинг тест, се врати на фудбалските терени
по пауза од две години, а постигна гол по само пет минути откако доби шанса на
средбата Македонија – Лихтенштајн.
Извор: vecernji.hr