Адеми никогаш не живеел во Македонија, роден е во Шибеник, Хрватска од родители Албанци кои потекнуваат од Македонија.
Тој настапуваше за младинските селекции на Хрватска. Кога можеа да го повикаат Хрватите да игра за сениорите не доби веднаш повик, потоа Нико Ковач го молеше да заигра за нив, но Адеми веќе имаше дадено збор на Македонија.
„Не знам што да кажам освен дека секој спортист живее да оди на Европско. Тоа мене ми се оствари. Иако малку кој веруваше дека ќе заиграм на големо натпреварување“, вели Адеми за „24sata“.
„Не жалам што ја одбив Хрватска. И дадов збор на Македонија и не сакав тој договор да го прекршам. Ме примија многу убаво, во репрезентацијата тогаш беше и мојот роднина, Агим Ибраими, кој многу ми олесни“.
„Малку зборувам македонски, повеќе се разбирам на албански, а користам и хрватски, повеќето го разбираат“.