Македонија со победа од 4-0 над Лихтенштајн ги заврши
квалификациите за СП Русија 2018, а многу причини за радост има македонската
спортска-фудбалска јавност од победата во Струмица.
Една од причините е враќањето на Аријан Адеми, со стил,
фудбалерот кој само два дена откако му истече суспензијата од ФИФА поради падот
на допинг тест, доби прилика за настап вечерва од селекторот Ангеловски, доби
овации од трибините на стадионот „Младост“ а возврати со феноменален гол, кој
го прослави со солзи радосници во очите.
„Ова го поднесов премногу емотивно, не знам како да ја
опишам целава оваа ситуација, се уште сум под емоции, морам да се заблагодарам
на селекторот и соиграчите во репрезентацијата, за шансата која ми беше
укажана. Мислам дека имаме одлична репрезентација, овој тим може да се пласира
на Европско“ изјави Адеми по мечот.