163
Македонскиот
репрезентативец од редовите на Динамо Загреб поради повреда здобиена на
реваншот на хрватскиот првак против Јанг Бојс отпаѓа од комбинација за дуелите
против Гибралтар на 8 септември, односно Ерменија три дена подоцна во рамките
на Лигата на нации.
Адеми на дуелот
со Јанг Бојс беше заменет по само 32 минути игра, а медицинските прегледи потоа
утврдија дека на Македонецот му претстои пауза од еден месец.
На официјалниот
сајт на Куќата на фудбалот во нашата земја, се вели дека селекторот Ангеловски
нема да повикува замена за повредениот Адеми.