„Адеми е срце и душа на овој Динамо, тимот е незамислив без него“

by
1 минути читање

Динамо Загреб синоќа беше елиминиран од Европа откако загуби од Виљареал. Хрватските медиуми денеска прават анализа на настапот. 

Според нив Аријан Адеми бил третиот најдобар фудбалер оваа сезона во европските натпреварувања за Динамо, пред него се само напаѓачот Мислав Оршиќ и голманот Доминик Ливаковиќ.

„Аријан е срце и душа на денешниот Динамо. Лидер, капитен на тимот, незамислив е овој Динамо без него, без својот капитен и воинот во средниот ред на теренот. Адеми ги одигра сите 15 меча во Европа, во историската сезона даде три гола (два со Флора) и запиша три асистенции (две со Волфсбергер и една со Феенорд). Икона на загрепскиот тим, која баш во тие мечеви кога асистираше беше јунак на мечевите, а посебно импресивен беше настапот со Австријците, кога помина неколкумина противнички играчи, па само лесно му асистираше на Бруно Петковиќ. Со Вилјареал играше под инјекции и блокади, па остави пример за сите свои соиграчи“, пишува во анализата на хрватските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×