26 годишниот македонски интернационалец од редовите на
хрватскиот вицепрвак Динамо Загреб, Аријан Адеми, ги насмеа лицата на три
дечиња кои имаат тешка болест.
„Насмевката на нините лица е најголема награда и поттик.
Таа храброст со која овие деца патуваат низ животот, таа ведрина и оптимизам
треба да бидат пример за сите нас“ порача Адеми по посетата на семејството
Чабраја во населба во Сесвете, а веста ја пренесе и Динамо Загреб на својот сајт и социјалните мрежи.
Мајката Даниела и таткото Анте, како и нивните три сина
Славко (16), Петар (12) и Лука (10) од неодамна станале членови на фан клубот
на Динамо Загреб, па тие добија изненадување во својот дом, каде за гостин го имаа македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
„Кај нас спортот постојано се гледа на телевизија,
посебно фудбал. Децата ни се големи навивачи на Динамо Загреб па така сите се
зачленивме во фан клубот“ вели Анте.
Славко, Петар и Лука болуваат од една тешка прогресивна
болест наречена душенова болест, станува збор за мускулна дистрофија која
предизвикува мускулна слабост, истото предизвикува штета во мускулните влакна,
а со самото тоа мускулите постепено слабеат.
„Нивниот живот е борба и на тоа треба сите ние да им
симнеме капа. Мило ми е што барем за момент ги развеселив“ рече Адеми кој во
име на Динамо Загреб ги повика Славко, Петар и Лука на некои од натпреварите на
„Максимир“ во Загреб, а тие на големо задоволство веднаш прифатија.