Адеми веќе еден месец е во аут пороади повреда, тој наскоро ќе се врати на теренот, но селекторот Милевски во консултација со Динамо Загреб решиле да ги прескокне овие мечеви на Македонија и периодот да го искористи за рехабилитација.
„Разговарав со Адами и со Динамо Загреб, заклучивме дека е најдобро за неговото здравје да ги пропушти овие натпревари. На Адеми нема да сметаме за овие натпревари, нема да ризикуваме, поважно ни е тој да биде здрав и да ги искористи деновите за што подобро да закрепне од повредата“, изјави селекторот Милевски.
Ситуацијата со Бобан Николов е неизвесна, тој е позитивен на ковид-19, но ако навреме добие негативен тест ќе се приклучи на репрезентацијата.
„Николов минатата недела доби позитивен тест, ако неговиот нов тест биде негативен ќе ни се приклучи“, вели селекторот.