Адебајор: Ќе бидам многу јасен, не донирам!

by
1 минути читање

Дрогба, Ето, Мане и голем дел од другите африкански ѕвезди, донираат во борбата за коронавирусот во своите земји. Но тоа нема да го направи Адебајор.

Играчот кој го носеше дресот на големите клубови како што се Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотнем… вели дека нема намера да донира.

„За оние кои велат дека не е донирам, еве ќе бидам многу јасен, не донирам. Едноставно е. Правам што сакам, јадам што сакам“, вели Адебајор.

„Има луѓе кои ќе ме критикуваат поради фактот дека не сум донирал во Ломе (главниот град на Того каде што е Адебајор во моментов). Некои мислат дека јас сум го донел коронавирусот во Ломе. Тоа е многу тажно, но оваа држава е таква. Можат да ме споредуваат со Дрогба, со Ето, но јас не сум тие. Јас сум Емануел Шеи Адебајор и секогаш ќе го правам тоа што го сакам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×