Абрамович со контра понуда, историска плата за Конте и трансфер буџет од 200 милиони фунти

by
2 минути читање

Италијанецот има одлична прва сезона на клупата на Стемфорд Бриџ во која на
„Сините“ им ја донесе титулата во Премиерлигата, а ќе играат и финале во ФА Купот.

Но и покрај тоа, често се говори за негово заминување од Челси.

Интер сака да го ангажира Антонио Конте по секоја цена и се говори дека
новите сопственици од Кина на стратегот му нудат плата од 15 милиони евра по
сезона (12,5 милиони фунти).

Медиумите од „Островото“ сега пренесуваат дека Роман Абрамович наскоро ќе
седне на маса со стратегот за да му ја презентира неговата понуда.

Милијардерот од Русија е подготвен да го направи Антонио Конте менаџерот со
највисока плата во историјата на Челси, и да му обезбеди примања поголеми од сумата од 7,5 милиони фунти која ја добиваше Жозе Мурињо.

Стратегот исто така ќе добие и трансфер буџет од 200 милиони фунти за
засилување на составот и ангажман на трансфер целите како Ромелу Лукаку од Евертон,
Алваро Мората од Реал Мадрид, Алексис Санчез од Арсенал, Тиемуе Бакајоко од
Монако и Вирџил ван Дијк од Саутемптон.

Роман Абрамович е подготвен да му дозволи на Антонио Конте да донесе и
Италијанец за прв помошник, оваа улога до сега секогаш ја имаше Британец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани