Абрамович ќе му го продаде Матиќ на Мурињо, но под еден услов

by
1 минути читање

Пред неколку недели се веруваше дека трансферот на Немања Матиќ на Олд Трафорд е готова работа, за Србинот нема место во Челси по пристигнувањето на Тимуе Бакајоко.

Но работите се искомпликуваа откако Жозе Мурињо на Антонио Конте му го украде Ромелу Лукаку.

Италијанецот потоа пресече и одлучи да не го продаде Немања Матиќ на Манчестер јунајтед.

Сепак, последните информации велат дека Роман Абрамович е подготвен да ја поништи одлуката на Антонио Конте.

Сопственикот на Челси ќе даде зелено светло за Жозе Мурињо да го добие Немања Матиќ, но само доколку бидат платени 50 милиони фунти.

Претходно се споменуваше бројката од 40 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани