Премиерлигата е
суспендирана до 3 април, меѓутоа постои голема неизвесност за тоа како
понатаму, како и да е, на Островот известуваат за доста позитивна вест во
целата оваа ситуација, која практично доаѓа од Челси.
Тамошните
медиуми, за што и официјално има потврда, јавуваат дека сопственикот на Челси,
Роман Абрамович го стал на располагање својот хотел „Милениум“ на располагање
за медицинскиот персонал од болниците во Северен Лондон, хотелот е со четири
ѕвезди, а гостите кои веќе престојувале биле отпуштени од истиот.
„Фудбалскиот клуб
Челси се приклучува кон одговорот на медицината за борба со коронавирусот во
Лондон, со веста дека националниот медицински сервис ја прифати понудата на
клубот да го понуди „Милениум Хотел“ на „Стемфорд Бриџ“ како достапен за
персоналот“ стои во соопштението кое го објавија од Челси.

„Иницијативата
дојде лично од сопственикот на клубот, Роман Абрамович, а по контактите
остварени со првиот човек на Националниот медицински сервис, Брус Бак, донесена
е одлука со која најдобриот начин на кој Челси може да помогне е да овозможи
вакви услови за медицинскиот персонал, а господинот Абрамович ќе ги подмири
сите трошоци за тоа“ додаваат од таму.
„Многумина од
медицинскиот персонал ќе работат исцрпувачки, а воедно нема да бидат во можност
да патуваат до своите домови. Ова е мерка за два месеци, а со оглед на случувањата ќе биде разгледано и
што понатаму. Ова ќе биде возможно за медицинскиот персонал од Северен Лондон,
но тоа може да се продолжи и за останатите болници во други подрачја“ се вели
во соопштението.