191
Абрахам може да бира за која репрезентација ќе игра, дали за Англија или Нигерија од каде што има потекло.
Во младинските категории настапуваше за Англија, но се уште не одлучил за која селекција ќе игра на сениорско ниво.
„Ги сакам двете нации. Тоа што и двете сакаат да играм за нив значи дека сум добар на теренот во дресот на Челси. Треба да продолжам така и моето време ќе дојде“, вели Абрахам.
„Не сум сигурен уште за кого ќе играм, не сум донел одлука, сега сум фокусиран само на клубот“.
„Израснав во регион со многу африканска култура и африканска позадина. Во денешно време дури и во соблекувалната имаме африкански танци. Па свесен сум дека Нигерија е голема земја“.