Челси конечно
стигна до првата победа во новата сезона од Премиерлигата, а избраниците на
Френк Лампард тоа го остварија во третото коло откако триумфираа со 2-3 на
гостувањето кај Норвич кој пружи силен отпор на фаворитот.
Абрахам беше фудбалерот
кој одигра клучна улога во победата на „Сините“ од Лондон, постигнувајќи два од
вкупно трите погодоци за гостинот.
Младиот напаѓач
уште во третата минута погоди за почетно водство на Челси, меѓутоа Кентвел три
минути подоцна израмни на 1-1.
Првото полувреме
беше доста возбудливо, па следеа уште два погодоци, најпрво Маунт во 17. минута
повторно го доведе Челси во водство, овој пат од 1-2, за веќе во 30. минута
Пуки да израмни на 2-2, а со тој резултат се замина на паузата.
Во второто
полувреме Абрахам со својот втор гол на мечот, овој пат во 68. минута, повторно
го доведе Челси во водство а со тоа уште во тој период од средбата беше
поставен конечниот исход во корист на Челси од 2-3.
Од 16 часот се
играат следните средби:
Брајтон –
Саутемптон
Манчестер
јунајтед – Кристал Палас
Ватфорд – Вест Хем
Со почеток од
18,30 часот се игра дербито на колото каде силите ќе ги одмерат Ливерпул и
Арсенал.