Абрахам го „предупреди“ Рашфорд: Подалеку од Санчо (ФОТО)

by
1 минути читање

Џејдон Санчо е
голема желба на Манчестер јунајтед, но во трката за неговиот потпис е вклучен и
Челси, па нема дилеми во тоа дека ќе биде мошне интересно да се видат реакциите
на обата Премиерлигаши во периодот кој претстои.

На Островот дури
излезе и една шпекулација која вели дека во Манчестер јунајтед веќе се
подготвени да му ја доделат „седумката“ на Санчо, а тој број на својот дрес го
носеше Алексис Санчес, кој е во Интер на позајмица.

Како и да е,
Челси сигурно нема лесно да се откаже од Санчо, а дополнително, вреди да се
додаде дека „Сините“ од Лондон имаат богата каса за трансфери, а на шега,
напаѓачот на Челси, Тами Абрахам испрати предупредување до својот колега од
репрезентацијата на „Гордиот Албион“ и член на Манчестер јунајтед, Маркус
Рашфорд.

Подалеку од
мојот Џејдон
“ му порача Абрахам на Рашфорд откако овој претходно му честиташе
роденден на фудбалерот на Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×