Абидал имал средба со таткото на Вернер, „Мундо Депортиво“ пишува дека истата била позитивна

by
1 минути читање

Претставници на
Барселона наводно имале средба со таткото на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер,
за да се увиди можноста за ангажман на германскиот репрезентативец, чиј
потенцијал е доста ценет од повеќе европски гиганти.

24 годишниот
Вернер е еден од најпродуктивните напаѓачи во фудбалска Европа, а неговите
перформанси во дресот на Лајпциг многумина ги оценуваат како импресивни, а
спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, како и неговиот асистент Рамон
Планес имале средба со таткото на Вернер, според пишувањата на „Мундо Депортиво“, а се верува дека Вернер е алтернативна опција за напаѓачот од Интер, Лаутаро Мартинез, кој исто така се поврзува со Каталонците..

Весникот
подвлекува дека од средбата произлегле многу позитивни сигнали, и покрај тоа
што Вернер често пати беше поврзуван со трансфер во Ливерпул, од каде тренерот
на европскиот првак, Јирген Клоп побарал средба со четири очи со напаѓачот.

Како што наведува
„Мундо Депортиво“, средбата се случила минатиот месец во Германија, па во периодот што претстои, останува да видиме за што станува збор кога весникот средбата ја оценува како „позитивна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×