Абдурахими на местото на Жуниор во почетниот состав на Шкендија за реваншот против Хелсинки

by
1 минути читање

Екипата на
Шкендија со една нога е во третата рунда квалификации за Лига Европа по
одличниот резултат кој го оствари на првиот меч на домашен терен против
Хелсинки.

Веќе се познати
почетните состави за мечот кој е предвиден да стартува во терминот од 18 часот.

Стратегот од
клупата на тетовските „црвено-црни“, Ќатип Османи не менува ништо во однос на
формациската поставеност, останува онаа истата, 4-2-3-1, но тој направи две
измени во однос на почетниот состав.

Во однос на
првиот меч, стартери ќе бидат офанзивецот Абдурахими и Челиковиќ, и двајцата
влегоа од клупата на првиот меч во Струмица. Челиковиќ влегува на местото на
Мевлан Мурати, додека пак Абдурахими ќе го замени Жуниор во почетниот состав.

Како што стои на
официјалниот клупски сајт на Шкендија, освен Мевлан Мурати кој поради повреда
не замина со тимот на реваншот во Финска, сите останати се подготвени за
натпревар, па останува отворено прашањето зошто е изоставен Бразилецот Жуниор
кој не се најде ниту на клупата за денешниот меч.

 

Фото-вест:
kfshkendija.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани