Екипата на Аталанта вечерва славеше важна победа во битката за пласман во ЛШ против Рома со 2:1, но со оваа победа го испрати и Јувентус во најелитното европско натпреварување
обедата на домаќините беше обезбедена во период од две минути. Двоен стрелец за Аталанта беше Де Кеталар во 18-тата и 20-та минута од средбата. Изгледаше тогаш дека Аталанта може да слави и поубедливо.
Сепак, до крајот видовме само уште еден гол и тоа во мрежата на Аталанта, а стрелец беше Пелегрини од пенал.
На табелата сега Аталанта дојде до 63 бода на петтата позиција, додека Рома остана на 60 на шестата и во последните две кола ќе се обиде да ја прескокне Аталанта и да дојде до место во ЛШ.
Овој натпревар беше важен и за Јувентус затоа што „старата дама“ со овој пораз на Рома е сигурна на четвртата позиција со 67 бода.