Aдеми ја потврди победата на Динамо во Купот на Хрватска (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екс-репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми денеска се запиша во листата на стрелци во победата на Динамо Загреб во Купот на Хрватска.

Адеми во игра во натпреварот против Бањоле во осминафиналето влезе во вториот дел, а противничката мрежа ја затресе со глава во 86. минута за конечни 3:1.

На теренот од првата минута во овој натпревар беше и вториот македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани