„Црвените Ѓаволи“ играат финале во Лига Европа на 24. мај и преку победа
над Ајакс бркаат настап во Лигата на шампионите.
Средбата во Стокхолм е од огромно значење па Жозе Мурињо ќе ги исполни
заканите и на дуелот со Кристал Палас во недела ќе настапи со резерви.
„Во било која друга земја во светот, натпреварот ќе се играше во сабота” – вели Португалецот.
„Ние сме шести, не играме за ништо. Кристал Палас е безбеден, па
натпреварот мораше да се игра во сабота. Но ќе играме во недела и тоа ме
фрустрира”.
„Се надевам дека
нема да ме убиете кога ќе го видите мојот тим”.
„Навистина немам
друг избор”.
„Недела ќе биде
голем ден за децата бидејќи многумина од нив ќе играат”.
„Се надева дека Жоел (Переира) ќе брани против Кристал Палас, тој е многу добар голман и ќе бидеме во
безбедни раце”.
„(Демитри) Мичел и (Скот)
Мектоминај, кои беа на клупата, ќе играат. Аксел (Туанзебе) секако. (Ерик) Баји
и (Мети) Вилок ќе добијат шанса. Џош Хароп и Закари (Дернли) исто така ќе влезат”.
„Погба ќе настапи
бидејќи не тренираше откако почина неговиот татко, и ќе ставам уште двајца или тројца
од моите момци, ќе има ратации и промени”.
„Морам на тимот
да му дадам малку цврстина искуство и стабилност на децата, па четворица или
петмина од моите момци ќе играат со децата”.
„Мислам дека
децата не се способни сами да играат”.