Малага ќе добие 1 милион евра ако не го победи Реал и „Кралевите“ станат шампиони

by
1 минути читање

По вчерашната победа на гостувањето кај Селта во заостанатиот натпревар,
Реал Мадрид изби на првото место на табелата со три бода повеќе од Барселона и
направи значаен чекор кон титулата

Последна пречка е екипата на Малага, популарните „Албиселестес“ можат да го
срушат шампионскиот сон на „Кралевите“.

Но тешко е за верување дека ќе се случи ова, покрај тоа што домаќините не
се борат за ништо, а и на клупата го имаат Мичел кој во неколку наврати гордо
истакна дека „Мадридиста“,  Малага ќе има
и финансиска причина да не победи.

Клубот од Ла Росаледа ќе добие 1 милион евра ако Раел Мадрид стане шампион
на Шпанија.

Ова се должи на трансферот на Иско од 2013.

Шпанецот се пресели на Бернабеу во зделка вредна 27 милиони евра, како и
додатни бонуси од 3 милиони, односно 1 милион евра за освоена титула во
следните пет години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани