Гризман: Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, а Буфон Златната Топка

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид веќе има комплекс од градскиот ривал Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па нормално е што тие сакаат Јувентус да биде тој што ќе се радува во Кардиф.

Антоан Гризман верува дека италијанскиот тим ќе го крене трофејот, а Буфон Златната Топка и објаснува дека потешко е да се загуби финале отколку полуфинале.

„Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите а Џиџи Буфон Златната Топка“ – вели Гризман.

„Поразите во финалињата болат повеќе отколку во полуфиналето. Бидејќи вие си мислите дека ќе го кренете трофејот, си правите филмови со вашите луѓе… а потоа ќе загубите и многу е тешко“.

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус се игра на 3. јуни во Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани