Мурињо проговори за иднината на Де Геа во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Синоќа на гостувањето кај Саутемптон, Давид Де Геа остана на клупата за резерви, меѓу стативите беше Серхио Ромеро кој имаше одличен настап. Во последното коло од Премиерлигата Мурињо планира да му даде шанса на 20-годишниот Жоел Кастро Переира, а финалето од Лига Европа ќе го брани Ромеро бидејќи тој беше чувар на мрежата на сите мечеви од ова натпреварување.

И овој пат Де Геа силно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, некои шпекулации велат дека тој веќе го одиграл последниот натпревар за Манчестер јунајтед, но желбата на Мурињо е јасна.

Запрашан кога очекува да биде следниот натпревар на Де Геа, Мурињо одговори: „Мислам дека ќе биде првиот меч од подготовките против ЛА Галакси“.

„Се надевам дека ќе играм со Жоел против Кристал Палас и Серхио во финалето, но Давид е на врвот во светот и јасно е дека ние сакаме да ги задржиме најдобрите“.

Португалецот е задоволен од изборот на голманската позиција кој го има Јунајтед.

„Ги имаме националните голмани на Аргентина и Шпанија, две од најдобрите репрезентации во светот кои имаат добра традиција со голманите. И двајцата се фантастични. И португалското дете, Фереира е многу добар голман. Па кога станува збор за голманите, немаме проблеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани