Јувентус по 12. пат го слави првиот трофеј оваа сезона, „бјанконерите“ со победа над Лацио во финалето го освоија Купот на Италија.
Мечот се играше на Олимпико, но Јувентус го демонстрираше сиот свој квалитет и сосема заслужено се радуваше на крајот.
Натпреварот беше отворен уште во 12. минута кога по аситенција од Алекс Сандро, Дани Алвес постигна убав погодок за водство од 1-0.
12 минути подоцна резултатот веќе беше 2-0 а стрелец на вториот погодок беше Леонардо Бонучи.
Во продолжението од натпреварот и двете екипи имаа свои шанси но Јувентус беше поблиску до поубедлива победа отколку Лацио до враќање во мечот.
Ова е првиот трофеј за Јувентус оваа сезона, престојниот викенд можат да ја заверат титулата во Серија А, а на 3. јуни го играат големото финале од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.