Дирк Кајт, 36-годишниот офанзивен фудбалер реши да стави крај на својата богата професионална кариера, крајот го круниса со титула за Феенорд.
Искусниот напаѓач изминатиот викенд беше херој во победата на Феенорд над
Хераклес со 3-1, во последното коло од холандскиот шампионат каде постигна хет
трик.
Со тоа Кајт му
донесе титула на Феенорд после цели 18 години, за големо славје во Ротердам.
Кајт својата
кариера ја почна во Утрехт, по што следеше трансфер во Феенорд, за потоа да
премине во Ливерпул. По англискиот премиерлигаш следеше преселба во Фенербахче,
за повторно да се врати во Феенорд и на маестрален начин да стави крај на
својата блескава кариера.
За
репрезентацијата на Холандија одигра 104 натпревари, притоа постигна 24
погодоци.