130
Екипата на Баерн
Минхен обезбеди нова титула во германската Бундеслига, а италијанскиот стратег
Карло Анчелоти нема голема доверба во дефанзивецот Жером Боатенг, кој е во
сенка на останатите.
Новиот спортски
директор на „Римската волчица“, Рамон Родригез – Мончи, ја почна мисијата во
Рим, а веќе и го повлече првиот потег.
Како што
пренесуваат италијанските медиуми, Мончи го ставил како приоритет Боатенг, како
прв избор на списокот на желби за засилување на тимот на Рома во претстојниот
летен трансфер преоден рок.
Сево ова пристига
по тоа што веќе на големо се шпекулира дека гркот Мањолас сигурно си заминува
од Рома летово, а тимот од Рим во Боатенг гледа одлична замена за него.