Покетино објасни зошто никогаш нема да биде тренер на Барселона

by
2 минути читање

Барселона е во
потрага на нов тренер, голем број на имиња се поврзуваат со шампионот на
Шпанија, а едно од нив е Маурисио Покетино, кој врши одлична работа во
Тотенхем.

Аргентинецот минатата
беше забележан во друштво на претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу,
па одново медиумите почнаа да пишуваат за можноста тој да го наследи Луис
Енрике.

„Точно е дека
разговарав со Хосеп Мариа Бартомеу, но средбата беше случајна
– вели стратегот.

„Го познавам
долго време, уште пред да стане претседател на Барселона, децата ни одие во
исто училиште
.

„Се сретнавме
случјано во бар во Барселона, разговаравме пет минути. Не беше ништо посебно,
но сите знаеме како фунцкионира светот и по ова нема шанси да ги сопрете шпекулациите
.

„Во фудбалот знам
дека е тешко да ги задржите вредностите и да бидете лојален, но за мене
лојалноста е најважна
.

„Јас сум фан на
Еспањол и затоа невозможно е да завршам на Камп Ноу
.

„Еден ден, кога
ќе го напуштам Тотенхем, и ако ми се укаже прилика да работам во Арсенал, одговорот ќе биде ист
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани